Соопштение од ФЗОРСМ
Почитувани,
Направено е дополнување на Соопштението за лекарите (ЛКМ) истакнато на веб од 23.04.2020 година, со тоа што истото е заменето со ново дополнето Соопштение за лекари (ЛКМ) од 13. 05.2020 година.
Промената се однесува во делот на:
- Исплата на надоместок за привремена спреченост за работа по основ професионалното заболување на вработените во здравствениот сектор
- Продолжување со работа на лекарите специјалисти од 13.05.2020 година
- Заверената потврда за потреба од ортопедско помагало избраниот лекар може да ја види на порталот на Фондот и да го извести осигуреното лице за бројот на заверената потврда за да може истиот да го подигне помагалото во соодветната ортопедска куќа/аптека.
Со почит




