Брошури МЕРС
Почитувани,
На следните линкови можете да ги превземете брошурите за МЕРС наменети за здравствени работници и население.
брошура информации за МЕРС за население
брошура информации МЕРС за здравствени работници
Согласно актуелноста на состојбата со МЕРС на блискиот исток, а последните денови и во Јужна Кореја, а имајќи ги во предвид меѓународните патувања на нашите граѓани и потенцијалната можност за внес на заболувањето во европскиот регион, вклучително и РМ, неопходно е матичните лекари да се информираат за симптомите на заболувањето и да се посомневаат на истото доколку пациентот даде податок дека патувал во некоја од земјите со МЕРС, а симптомите се појавиле во рок од 14 дена по враќањето во РМ.
Со почит,
Министерство за здравство




