Соопштение од ФЗОРСМ
Почитувани,
Во врска со договорот постигнат меѓу Фондот и претставниците на ЛКМ на состанокот одржан на 26.02.2020 година, на следниот линк можете да ги превземете следните документи:
– Известување за обврската на избраните лекари за исполнување на целите за 2020 година
– Упатство за реализација на цели за 2020 година
– Листа на задолжителна и ургентна терапија
– Информација за реформите во ПЗЗ
Коментари2 коментари





Što ke bide so nas opštite lekari što rabotevme vo detski dispanzeri,koi zaradi razni reformi otanavme bez specijalizacija,gi izodevme site možni edukacii,a veke počnuvame da ispolnuvame uslovi za penzija,neli može so tolku godini staž(36 polni),da ne oslobodat od specijalizacii,da ne priznaat kako semejni.Fala,Pozdrav!
Почитувана колешке
Ништо не е обавезно .Ниту семејна медицина медицина ,ниту било што друго.На времето почитуваниот Професор Алексеј Дума сакаше да направи сите што имаат 15 години стаж по автоматизам да станат специјслисти по семејна медицина.Но бидејќи сме стално во избори и менување Министри за здравство-кај нас нештата немаат континуитет.
Предлогот на ФЗОМ кој ми го презентираа беше 2 денари по бод стимулација ако се прими допочнителен администратор на пола работно време.Ние кажавме да тоа е непристоен предлог бидејќи ако некој има 2500 бода по 2 е 5000 денари.И прашањето е кој ќе Ви седи цел месец за 5000 денари???И на крај ќе треба да му се даде К 15 ,10000 денари и да му се најде компјутер,биро телефон итн.Значи предлогот не е издржан.
Друго ни презентираа 2 денари по бод ако некој е специјалист по семејна медицина и тоа пак значи 5000 денари плуспо истата математика како горе.Но во сите презентации никој не кажа дали некој ќе ни купи опрема александрови шприцови,спирометри,сетови за шиење .Ние кажавме без добра математика нема прифаќање на ниедни новини.Математиката не е направена до сега.Ниту знаеме што е 50% од што,ниту бодовите за услугите ги немаме .Баравме да видиме математика барем во некоја пилот амбуланта и тоа никој не ни го покажа и затоа се ќе биде по старо.
Капитацијата не е осмислена за некој од тоа да си плаќа специјализации по семејна медицина,ако и треба на државата нека плати како за се друго.на бројните состаноци имаше коментари да требало нашите сестри кои работат со нас по преку 25 години некој да ги едуцирал,а јас кажав да ние не можеме ни минут без нашите сестри.Во позадина на се е кој ќе ги земе парите од проектот.Но ние не сме заморчиња и да пилотираме 30 години .Доста е!!!Со почит до сите што ќе читаат!