Анкета за матични лекари
Почитувани,
На линкот кој Ви го доставувам е поставена on-line анкета која е наменета да ја пополнат матичните лекари, а се однесува на можноста и потребата за закажување на прегледи на примарно ниво на здравствена заштита. Ве молам да го споделите линкот и да ги информирате лекарите дека е во нивни интерес да ја пополнат со точни податоци и да дадат нивно мислење.
Иницијативата потекнува од една од препораките за реформи на примарната здравствена заштита, па во таа насока од големо значење е да ги добиеме размислувањата на лекарите. Ви благодарам на соработката, Жаклина
Линк за анкета: https://forms.gle/SF3Y8my987V8UxUH6 —
Жаклина Чагороска
Советник, Управа за електронско здравство
Министерство за здравство 50-та Дивизија, бр.14, 1000 Скопје




