Одлука за организирање на протестен марш
На ден 7 Април, највисокиот орган на ЗПЛРМ донесе одлука за организирање протестен марш на белите мантили заради игнорантскиот однос на МЗ и ФЗОМ,кон нашите барања.
-Пациенти и лиценца на ПЗУ
– Казнена политика кон приватните доктори
– Право на боловање како сите нормални граѓани
– До 800 пациенти да не е задолжително да се има медицинска сестра.
Од страна на МЗ и ФЗОМ требаше да има работни групи за неколку наши барања, групите требаше да работат од декември но до сега никој нема повикано за работа со докторите и да се направат сериозни реформи.
МЗ и ФЗОМ Вие сте на потег.Парите за изработените услуги да и се платат на колешката. Управниот одбор на ФЗОМ има донесено одлука,што се чека?




