Договорот матични лекари – здравствени власти за преземање на пациентите се уште не се реализира

Матичните лекари се разочарани зошто и по месец дена од договорот со министерстерот и директорите на Фондот за здравство не е реализирано нивното долгогодишно барање пациентите да не се бришат ако докторот почине или замине во пензија туку да останат кај сопственикот на ординацијата до доаѓањето на друг лекар.

– Морам да искажам едно големо разочарување од матичните лекари. Дефинитивно ништо не се случува, нема никаква најава за реазлиација на договореното, изјави д-р Лилија Чолакова Дервишова, претседател на ЗПЛРМ.

Од министерството за здравство одговорија дека сеуште работат на изнаоѓање решение за долгогодишниот проблем на пациентите и на приватните здравствени установи.

– Барањето на матичните лекари моментално се разгледува во Фондот за здравствено осигурување од аспект на изнаоѓање на соодветно решение во полза и на пациентите и на лекарите од примарна здравствена заштита.

Во одговорот од здравство додаваат дека по завршувањето на неопходните анализи ќе утврдат како ќе се реализира договореното барање на матичните, но не прецизираа кога и како тоа би се извело дали со законски измемни или со промена во сегашните правилници.

Извор

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари