Реакција од ЗПЛРМ на дописот од Клиника за токсикологија

Почитувани,

Испративте допис до ЗПЛРМ со Ваша реакција дека матичните доктори не работат коректно и дека така се оптеретува Вашата Клиника за Токсикологија.
Би сакала да реагирам – многу работи во нашето здравство не се како што треба и не може за се да биде крив матичниот доктор во РМ, кој е столб на нашето здравство, местото од каде почнаа сите реформи, лицата кои ги издржаа сите експерименти на сите Министри во Државава и ги рализираа со сопствени средства.

Матичните доктори бараат од здравствените власти голем број на промени и законски и функционални – се во интерес на пациентите и подобро функционирање на нашиот здравствен систем, но до сега слух се нема за ништо.

Матичните доктори имаат проблем со режим на пропишување на лекови, матичните доктори имаат проблем со закажување на термини до специјалисти бидејќи 90 % од колегите од секундарна дејност не си креираат сами упати за контрола и нема доволно термини за закажување а на пациентите им се вели, одете кај матичен тој ќе Ви закаже.

Но ниеден матичен доктор не прави списоци за колеги од секундарно или терциерно здравство – кои ги нема на термин доволно, колку што му требаат на нашиот народ.
Времето за правење списоци за да се казнат или санкционираат доктори треба да е минато во 21 век.

Колегите треба да разговараат меѓу себе,затоа постојат Здруженија, Комори и проблемите на маса се рашаваат, а не со дописи и правење листи за пријавување во МЗ или во ФЗОМ.
Доктор се стимулира а не се казнува,така се подига свеста.

ЗПЛРМ е секогаш отворено за дискусија и соработка и очекувам да ако има некаков проблем тоа да го решиме со дискусија.

Со почит
Претседател на ЗПЛРМ
Др Лилија Чолакова Дервишова

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари