Реакција од Токсикологија Скопје до матични доктори од Скопје
Почитувани колеги,
Дозволете да Ве информирам дека Универзитетската клиника за токсикологија во последниве месеци се соочува со крајно непрофесионален однос од голем дел од матичните лекари кои без претходен преглед и со телефонски контакт со пациентите, ги насочуваат кон нашата Клиника. За оваа појава, веќе се води детална евиденција од 1 септември која ќе биде доставена до МЗ. Регуларниот начин за упатување од ПЗЗ е до специјалистите во СЗЗ, а во текот на вечерните часови, пациентие кои имаат потреба од итна медицинска помош до дежурните служби низ градот и до Ургентниот Центар во
8-ми Септември. Секако дека за пациенти СО ЖИВОТОЗАГРОЗУВАЧКИ состојби и АКУТНИ ИНТОКСИКАЦИИ Клиниката е достапна 24/7.
Пациентите кои се упатуваат со електронски упат во графата установа треба да стои УК Токсикологија, додека во графата специјалност исклучиво ургентна медицина.
Дозволете да Ве информирам дека на располагање Ви стојат и кабинетите за ургентна УЗ дијагностика на абдомен и гастроскопија, каде можете преку мој термин да закажете преглед.
Во склоп на Клиниката функционира и токсиколошката лабораторија, каде меѓу другите анализи може да се детектираат сите актуелни дроги и психоактивни супстанции. Единствено што треба да направите е да издадете упат до Клиниката, како што претходно е наведено.
Со должна почит и искрена желба за колегијална соработка.
Директор на УК токсикологија
Науч.сор. д-р сци Нико Беќаровски




