Средба со Министерот и Директорите на ФЗОМ
Почитувани колеги,
на денешната средба со Министерот и Директорите на ФЗОМ се постигна договор за законски измени за едно наше стратешко барање. Повеќе нема да се бришат пациентите ако си замине вработениот доктор. Следна недела измените ќе одат во собраниска процедура. Автоматски ќе се префрлаат на новиот вработен доктор а во меѓувреме замената ќе добива 70%. По однос на финансиите во приватното здравство останува да се дискутира за две недели.
Со почит Др Лилија Чолакова Дервишова
Претседател на ЗПЛРМ





