Пари за примарно здравство нема
ЗПЛРМ-Здружението на приватни лекари на РМ на последниот состанок на Управен одбор одржан на ден 25.08.2018 година ги разгледуваше актуелните состојби во здравството-во примарното и секундарното приватно здравство кои имаат договор со ФЗОМ.
ЗПЛРМ го поздравува трендот на покачување на капитациониот бод кај колегите гинеколози и кај колегите од терциерно и секундарно јавно здравство,но апелира да оваквите парцијални решенија доведуваат до огромно незадоволство кај матичните доктори.
Апелираме овој тренд на покачување на платите во здравството се примени и во приватните здравствени установи кои се врзани со договри со ФЗОМ.
Да потсетиме – оваа Влада во својата програма има зацртано 90 денари капитационен бод, пациенти на ПЗУ и 100000 денари плата за специјалисти.
Со почит
ЗПЛРМ




