Средба со министерот за здравство

На ден 06.06.2018 година се реализираше средба со Министерот за здравство повторно на тема автоматско префрлање на пациенти.

Во моментов во приватното здравство има голем број на миграции на докторите.
Матичен гинеколог си заминува во пензија и околу 7000 жени ќе останат без матичен гинеколог.А колешка од јавно здравство ја доби концесијата и дали не е добро автоматски да и се префрлат пациентите или таа сега ќе треба да почне од нула?

Здравството мора да има континуитет.

Од Ѓорче Петров 2 до нова година ќе се пензионираат голем број матични докторки,една веќе е во пензија,дали не е добро на некој млад доктор веднаш да му се префрлат автоматски пациентите,па така докторот и медицинската сестра ќе имаат средства да платат кирија, струја, вода, сметки, фирмарини, софтвер, принтери, тонери, хартија, ампули, боца за кислород, да платат за санитарни книшки, систематски прегледи, чланарина во ЛКМ задолжителна, да си набават мантили, чаршафи и се друго што треба за да пружаат квалитетно здравство но за да можат и да си земат квалитетна плата спрема трудот и статусот.

Правото на пациентот да се одјави два пати годишно стои, во случај ако не е задоволен од услугата.
Никој не смее автоматски да брише пациенти бидејќи не ги ни прашал дали сакаат да се одјават од таа амбуланта.

Со почит
Др Лили

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари