Лицитација за влез во мрежа
Почитувани колеги доктори,
На ден 03.07.2018 година имало лицитација за влез во мрежа за специјалистички ординации за Скопје. Огласот за влез во мрежа бил објавен само во службен весник. Не е објавен ни на сајтот на Министерство за здравство.
Лицитацијата почнала со 1000 денари за месечна концесија и стигнала до неверојатни 45000 денари.
ЗПЛРМ и неговите членови реагираат заради нетранспарентност на огласот.
Кој од докторите чита по цел ден службен весник?
До ЗПЛРМ денес пристигнаа бројни реакции.
Во мрежа влегле три специјалистички ординации и една се откажала од лицитирањето.
Со почит
ЗПЛРМ




