Проблем со упатување на пациенти
Почитувани колеги,
Веќе втора недела имаме проблем како матични доктори со упатување на пациенти за Ехо на абдомен, дојка и простата.
Огромни се реакциите на матичните доктори – бидејќи никој до сега не го ускратил тоа право на писмено, огромни се реакциите на пациентите кои си ги бараат своите права, бидејќи си плаќаат здравствено осигурување редовно.Замислете некој плаќа цела година редовно здравство и доаѓа прв пат на преглед и си бара да направи преглед ехо на дојки и ние како матични доктори не можеме да му дадеме упат директен за ехо бидејќи системот софтверски не ограничил.
Пред неколку години ЗПЛРМ се договори со Уролошко здружение – сите пациенти кои имаат проблем со простата и за превентивни прегледи над 45 години да им се праќаат со резултати од ПСА и со ехо наод од простата со рест урина.А сега само ќе шетаме пациенти непотребно…..
Министерство праќа покани за превентивни прегледи на дојка ,ехо и мамографија, а ние не можеме да закажеме ……
Дали може да добиеме одговор кој го има направено ограничувањето???
ЗПЛРМ




