Честит ден на матичните доктори!
Среќен ден на сите матични доктори кои лекуваат од 0 до 100 години! Примарното здравство е столбот на нашиот здравствен систем! Матичните доктори успешно се справија со сите предизвици од 1992 година па до сега. Сите реформи во здравството ги реализираа со сопствени средства. Претставниците на СЗО кои ја снимаа состојбата на нашето здравство само ги потврдија барањата на докторите од примарно здравство. Препораки кои се дадени до здравствените власти се:
Промена во начин на плаќање во примарно здравство- капитација плус учинок
Групирање на повеќе амбуланти во една фирма-формирање на поликлиники
Посебен начин на плаќање за рурални амбуланти
Закажување кај матичен доктор
Симнување на режим на пропишување на лекови- поголеми компетенции на матичниот доктор
Сите овие погоре наведени работи ЗПЛРМ ги има веќе побарано и предложено до здравствените власти во изминатите години и сега.
Претседател на ЗПЛРМ
Др Лилија Чолакова Дервишова







