Инцидент во амбуланта во Шуто Оризари: Не сакал да чека ред, па му удрил тупаница на матичниот лекар

Матичен лекар од амбуланта од Шуто Оризари бил физички нападнат од негов пациент на кого не му се чекало ред за преглед. Нападот се случил во средата попладне кога во амбулантата пристигнало 19 годишно момче.

Тој ја оставил здравстевената книшка на шалтерот кај сестрата, а потоа без да чека ред влегол во ординацијата.

Докторот го прекорил момчето за однесувањето, а тој веднаш му се нафрлил и го удрил со тупаница во пределот на окото. Поради тензијата вработените бргу повикале го обезбедувањето.

Во амбулантата во меѓувреме дошле и родителите на момчето, а за настанот била известена и скопската полиција.

Извор

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари