Работна средба со министерот за здравство
Почитувани колеги,
На ден 04.04.2018 година се реализираше средба со Министерот Венко Филипче.
Претставниците од ЗПЛРМ ги елаборираа барањата пред претставниците на МЗ и ФЗОМ.
1.Пациенти и лиценца за работа во мрежа на ПЗУ
2.Покачување на бод 10% согласно закон
3.Партиципација
4.Зголемување на буџети на специјалистички амбуланти и лаборатории
5.Влегување во мрежа уште неколку специјалисти кои се вон мрежа
6.Казнена политика во приватно здравство да биде на процент од просечна плата во РМ. А не на капитација.
Благодарност до Министерот што најде време да ги ислуша проблемите на приватниот сектор.




