Матичните лекари го одложуваат протестот за две недели

Матичните лекари го одложија еднодневниот штрајк со кој претходно се заканија. На министерот му дадоа рок од две недели да ги прими и да ги слушне нивните барања. Доколку во следните две недели не се најде решение, Управниот одбор на здружението повторно ќе се состане за одлучи дали тогаш ќе го одржат еднодневниот протест во кој нема да издаваат рецепти за хронични болести. Револтот велат е голем и очекуваат решавање на нивните проблеми.

„Но се надеваме дека ќе ги сфатат овие наши реакции, револтот е огромен и сметам дека не треба кај министри да влегуваме со помош на медиуми , туку секогаш проблемите на маса да се решаваат и не смее да се дозволи 2 000 доктори да алармираат на ваков начин. Крајно време е да се решат проблемите во интерес на граѓаните“, изјави Лилија Чолакова – Претседателка на ЗПМЛ.

Додека надлежните со години наназад ги игнорираат барањата, одливот на матични лекари е алармантен. Од здружението предупредуваат дека во сите региони во земјава состојбата со недостиг од лекари е критична, здравствените домови се празни, бидејќи нема кадар, а во секој град има по три паралелки на доктори кои учат германски јазик за да работат во странство.

„Советници во сите влади досега 25 години слушаме дека од старт земаат 50 000 денари, а додека во источна Македонија нема народ. Од 2001-ва година нема промена на начинот на плаќање во примарното здравство, буџетите за специјалистите не се променети, мора да има транспарентност и мора да има подеднакво делење на здравствениот колач во целокупниот здравствен систем. На народот му требаат доктори, а не советници“, вели Чолакова.

Во земјава има околу 1.600 матични лекари. Просечната возраст е 56 години, но нема кој да ги замени лекарите кои одат во пензија. Ако продолжи ваквата ситуација од здружението предупредуваат дека ќе дојде до ситуација кога ќе нема кој да ги дијагностицира и лекува граѓаните.

Од здружението бараат пациентите и лиценците за работа да бидат на приватната здравствена установа, покачување на капитацијата, како и воведување на манипулативен трошок.

Извор

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари