Матичните лекари утре одлучуваат дали почнуваат со штрајк

Приватните матични лекари утре ќе одлучат дали во знак на револт ќе започнат еднодневен протест.

Доколку се одлучат на ваков чекор – еден ден од следната недела матичните лекари нема да издаваат рецепти за хронични болести. Целта е велат да се изврши притисок врз здравствените власти кои со години наназад останале глуви на нивните барања.

Бараат пациентите да се водат на ординацијата, а лиценцата за работа во мрежа да биде на ПЗУ. Освен тоа побараа и поместување на капитациониот бод кој во моментов изнесува 55 денари, како и воведување на манипулативен трошок.

„Три министри поминаа, ајде еден ќе рече избори се чекајте, друг ќе рече дајте ми сто дена, еве трет министер дојде, но верувајте ни во ситуација сме кога веќе има лицитирање кој доктор кај кого да работи и за колку пари. Имаме сериозни проблеми во однос на функционирањето на амбулантите, нема матични доктори. Првите две барања не задираат во буџетот. Сите доктори кај мене се јавуваат. Јас како претставник очекувам навистина сериозно да се седне да се работи, бидејќи реформи до сега нема. Никој не ги слушна нашите барања, а имаме сериозни проблеми на терен“, изјави Д-р Лилија Чолакова – Претседател на Здружение на приватни матични лекари.

Министерот Филипче на последната прес конференција рече дека ќе ги разгледа барањата на матичните лекари.

„Ние имаме огромен број барања и од матичните лекари и од приватните гинеколози и за сите имаме соодветно разработено решение, но нема да влеземе во имплементирање додека не ги исконсултираме претставниците на тие здруженија за да најдеме решение кое што најмногу им одговара“, изјави Филипче.

Дел од барањата на матичните лекари се содржани и во предизборната програма план за живот на СДСМ. Токму во делот здравство, програмата предвидува покачување на капитациониот бод на матичните доктори на 90 денари, како и регистрирање на матичните пациенти на ординацијата.

Со штрајк претходно се заканија и матичните гинеколози, кои исто така не беа задоволни од својот статус. По заканите, Фондот ги прими и постигнаа согласност капитацијата да им се зголеми на 55 денари.

Исполнување на барањата чекаат и специјалистите стоматолози, кои пред неколку дена се собраа пред министерството, изразувајќи незадоволство, поради тоа што немаат склучено договори со фондот.

Извор

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари