Работен состанок во МЗ
Почитувани колеги,
На ден 07.02.2018 година се одржа работен сосотанок во Министерство за здравство со здруженијата од приватниот сектор ЗПЛРМ, Здружение на гинеколози на РМ, Здружение на вонболнички педијатри, ЗЛОМ и претставници од младите специјализанти.
Од страна на МЗ -присуствуваше Дејан Блажевски шеф на кабинет и советничката на Министерот Билјана Таневска.
Како барања се повторија:
– Пациенти на ПЗУ
– Решение со промена на правилник на ФЗОМ и со промена н ачлен 32 од ЗЗЗ
НЕМА ФИНАНСИСКИ ИМПЛИКАЦИИ
– Лиценца за работа во мрежа на ПЗУ
ЗДРАВСТВОТО Е БИЗНИС КАКО СЕКОЈ ДРУГ БИЗНИС
НЕМА ФИНАНСИСКИ ИМПЛИКАЦИИ
-Намалување на казнена политика
-Казните да бидат на процент од плата а не од капитација
Воведување на манипулативен трошок
Во Хрватска од неќна веќе е 100 денари влез кај матичен доктор за секоја нова дијагноза. Докторите се во burn out, со преголем број на влезови.Стандард за обичен преглед е 15 минути. А за еден сиситем е 20 мин по пациент.
Буџетите за приватните специјалисти да се зголемат за да можат опрема да си обноват и да можат да посетуваат врвни едукации.
Да се внесат во мрежа и останатите специјалисти кои се вон мрежа. При недостиг на специјалисти во државата тоа мора да е приоритет за да не чекаат пациентите премногу за ехо и други специјалистички прегледи.
И ставот на ЗПЛРМ околу проектот семејна медицина е да не смее ниедна Влада да прави проекти со парите на матичните доктори.Просекот на матични доктори е 56 години старост и сите тие се преоптеретени со работа.
Се елаборираше и за состојбите во источна Македонија да има многу малку жители и да капитациите се мали на докторите. Мора да се размислува за дополнителен пакет или да се земе словенскиот модел на здравство кој е стимулативен.
До 2020 година ќе има само 13 матични педијатри во примарно здравство што е катастрофа за една земја и за превенцијата на бебињата и малите деца.
Гинеколозите си кажаа да апаратурата е многу скапа и да мора да се размислува за дополнителен пакет на услуги кај нив. 147 се во моментов. Здравјето на родилките и женската популација мора да е приоритет на една држава.
Младите специјализанти си кажаа да бараат да им се плаќа додека специјализираат.
Со еден збор сите доктори од сите здруженија очекуваат реформи за подобар здравствен систем во кој ќе имаме задоволни пациенти и задоволни доктори.
Со почит
Претседател на ЗПЛРМ
Др Лилија Чолакова Дервишова




