Работилници за 2018 во организација на ЗПЛРМ

Почитувани колеги,

Како и секоја година ЗПЛРМ ќе се погрижи за своите членови да им овозможи лесно да дојдат до 20 бода за релиценцирање во ЛКМ.

Во секој град ќе се организираат предавања на следните теми:

1.Меланома малигнум
2.Пријавување на несакани дејства од лекови
3.Акутен панкреатит
4.Дивертикулоза на колон
5.Хеликобактер пилори

За подетални информации ќе си се обратите кај одговорните координатори во Вашиот град.

Со учество на работилниците на ЗПЛРМ сите ние помагаме во одржување на сајтот кој има администратор кој ги објавува сите новини кои се поврзани со здравство, здравствени работници и здравствени реформи. Сајтот е информативно гласило за 2000 доктори, кои со една објава добиваат информација во една минута.

Се плаќаат сите простории каде се одржуваат работилниците, се плаќа адвокат на ЗПЛРМ, книговодител, како и патни трошкови за сите координатори кои доаѓаат на Управен на ЗПЛРМ.

ЗПЛРМ е Здружение кое постои 25 години и во континуитет се грижи за своите членови.

Со помош на активностите на ЗПЛРМ се променети многу нешта во нашите анекси во последните години.

Со почит
Др Лилија Чолакова Дервишова
Претседател на ЗПЛРМ

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари