Finance Think-Здравството меѓу фискалните притисоци за поголеми инвестиции и потребата за подобро здравје на граѓаните

Дали може да постои неограничен број на услуги во здравството при ограничени буџети?
ЗПЛРМ вели НЕ и за тоа треба Основен Пакет на Услуги

Дали со девизата ,,бесплатно здравство ,, добива или губи пациентот?
ЗПЛРМ вели да здравството не е бесплатно и да пациентот мора да партиципира во здравствените услуги-за да имаме систем кој ќе функционира и кој ќе го почитуваме сите и доктори и пациенти.За да има апарати кои ќе функционираат и болници со стручен кадар кој ќе внимава на квалитетот.

Дали во моментов здравствениот систем ни е стимулативен или дестимулативен?
Дестимулативен е ..

Дали во новиот Закон за здравствена заштита треба да стои како до сега да здравството е непрофитабилно,или мора да се промени да стои -Здравството е профитабилна дејност/ Во моментов имаме приватни болници кои се многу профитабилни и јавно здравство кое е во загуба….

Дали не мислите да годините на специјализирање треба да се скратат?.За да се премости ситуацијата со малку специјалисти?Кратење на сите специјазлизации на 3 години.

Дали треба да се воведат нови лекови на Позитивната листа на лекови,исфрлање на некои ефтини седативи ,а да се воведат лекови за ретки болести,лекови за лекување на карцином на плуќа ,дојка и др.Со кое ќе спасиме многу животи ….
Дали не мислите да е време за комплетно нов сиситем на плаќање во нашето здравство ,на примарно ,секундарно и терциерно ниво ?

Крајно време е ,ако сакате Македонија да има квалитетни доктори кои ќе останат овде.
Крајно време е да се исцрта една Национална стратегија за следните 15 години и било кој Министер да дојде ,да нема застранување од таа стратегија која е во интерес на сите граѓани.

Мора сите здравствени институции да се во еден Интегриран здравствен систем.Сега имаме едни во мрежа ,други надвор од мрежа…

Имаме нерационално трошење на здравствениот денар.
Имаме многу нешта што треба да ги промениме сите заедно ,практичарите со оние кои ја креираат здравствената политика,но заеднички и на иста маса,со многу слух,почит и разбирање.

Со почит
Претседател на ЗПЛРМ
Др Лилија Чолакова Дервишова

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора За Здравје

Регистрирај се!
Министерство за Здравство
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари