Проблеми во руралното здравство
Прв проблем е Стимулацијата од 10 % од капитацијата на ПЗУ , која со Правилник од ФЗО ја имало како законско право и обврска на ФЗО да им плаќа на докторите кои работат во руралните амбуланти. Ваквата стимулација досега не е исплаќана со што ова право на докторите не е почитувано. Потребата за исплата на стимулацијата се налага се со цел да се стимулираат руралните доктори да продолжат со својата работа (а работат во тешки услови),да имаат можност да се осовременуваат ,а не да се уназадуваат, бидејќи се помалку доктори има што сакаат да работат во рурални амбуланти, а дел од постоечките размислуваат да заминат.
Членовите на Комисијата заклучија дека е потребно за почеток да се обезбеди список на рурални амбуланти со доктори кои работат во нив, истите да се контактираат и да се изготви анкетен прашалник со кој ќе се видат со кои проблеми се среќаваат секојдневно. Од кога ќе се направи добра анализа и добар извештај со конкретни и точни податоци да се интервенира до ФЗО преку ЛК и ЗПЛРМ.
Вториот проблем е поради тешкиот терен кој го работат, се помалиот број на пациенти, тешки субстандардни услови за работа, руинирани амбуланти ,како и непристапен терен –крајно време е да се укине скалестото плакање и на сите колеги да им се плака за 1800 поени за да може да функционираат амбулантите. Дел од колегите изнесоа дека најчесто имаат плата на миниманите приходи по 12 000 ден за себе и за сестрите минималец што не ги задоволува основните услови за живот и е крајно понижувачки. Ако некој поминува 50 км да обслужи само еден пациент, бидејки секој живот е подеднакво важен ,тогаш мора да се изнајде начин тој медицински персонал да се стимулира и да остане да работи макар во такви услови.
Трет проблем е постоење на подвижни аптеки кои добро функционираат на територија на Тетово ,но не и на другата територија на РМ. Проблем со кој се засегнати пациентите од руралните подрачја кои треба 40 км да поминуваат за да земат хронична терапија.
Коментари (1)
DA SE PREISPITA I DALI SITE RURALNI AMBULANTI KOISE DADENI VO POSLEDNIO VREME,GI ISPOLNUVAAT USLOVITE,ZA RURALNI,A NE SAMO ZARADI ODREDENI LICA DA ZEMAAT KAPITACIJA ZA RURALNOST.
ZA RURALNI SE PROGLASUVAAT AMBULANTI SAMO ZATOA STO NEMA DOKTOR TAMU,ILI DOKTOROT IMA POMALKU PACIENTI,PA KE GO PREREGISTRIRAME VO RURALEN. ASTO E SO DOKTORITE KOI RABOTAT VO SELO,KADE NEMA LABORATORII,NEMA ORGANIZIRAN PREVOZ, A CELTE TREBA DA SE REALIZIRAAT.
DA SE OBEZBEDAT KRITERIUMI ZA SITE SELSKI AMBULANTI.
SO POCIT PZU DR NINA S.ZITOSE