Пад на температурите, а раст на бројот на пациенти со настинки

Снег на планините и пад на температурите од дури 15 степени – метеоролозите најавија студен викенд.

Видео: http://alfa.mk/Upload//Video/Meri_04_10_201710418443.ogv

Снег на планините и пад на температурите од дури 15 степени – метеоролозите најавија студен викенд. Ваквите нагли временски промени придонесуваат за зголемен број на пациенти со настинки. Први на удар се децата и хронично болните. Најчести симптоми се кашлица, кивање,течење на нос и зголемена телесна температура.

Лекарите порачуваат хронично болните веднаш да го посетат својот матичен доктор, а пак оние кои сметаат дека имаат подобар имунитет да пијат топли напитоци, да внесуваат повеќе витамин Ц и да одмораат. Лекарите посочуваат дека ако после неколку дена настинката не е излечена пацинетите да појдат на лекар.

Како превенција за заштита од настинки докторката Чалакова вели дека луѓето треба да се облекуваат соодветно, да избегнуваат излегување надвор во временска рамка од 2 часа по туширање, да не внесуваат студени напитоци и да носат чевли со поголема изолација.

Извор

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора За Здравје

Регистрирај се!
Министерство за Здравство
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари