Старосна структура на доктори во Ресен

Почитувани колеги,

ова е старосната структура на доктори во Ресен.

Под итно мора да се разговара со нашите партнери МЗ и ФЗОМ – како да ги задржиме младите доктори во РМ. За многу кратко време ќе имаме сериозен недостиг на доктори во внатрешноста на Македонија. ЗПЛРМ АЛАРМИРА СО ГОДИНИ!!!

Старосната структура на лекарите во нашата Општина-Ресен е следнава:

Во ПЗУ се вработени вкупно 15 лекари од кои две докторки се гинеколози,
од 30- 40 години 2 лекари,
од 40-45 години 2 лекари
од 55-60 години се вкупно 5
од 60-65 години се вкупно 4,
Гинеколозите се на возраст од 56 и 67 годишна возраст.

Во ЈЗУ Здравствен дом Ресен се вработени 11 специјалисти,тројца специјализанти и 6 општи лекари во ИМП (еден од нив е в-д Директор).

Специјалистите се на возраст :
Од 60-65 години 7 лекари,
Од 55-60 години се 3 лекари,
Од 50-55 години 1 лекар

Специјализантите се на возраст од 40-45 год.возраст-вкупно 3.

Во Заводот за неспецифични респираторни заболувања во Отешево вработени се вкупно 8 лекари од кои 6 се специјалисти.
на Возраст од 60-65 години се 5 лекари,
Од 55-60 се 2 лекари
Од 40-45 години е 1 лекар.

Во Општина Ресен има вкупно 15.397 осигуреници во летен период многу повеќе заради туристичката сезона.

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора За Здравје

Регистрирај се!
Министерство за Здравство
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари