Осврт на ситуацијата во ПЗУ-ата

И не можам да не искоментирам една ситуација која е многу голем апсурд. Матичен доктор дава боледување на секого ,за да може да се санира,но за себе не може да си го дозволи тој луксуз. Во моментов имаме колега кој доживеа тешка сообраќајка и едвај остана жив и сега се соочува со низа административни проблеми. Не може да си најде доктор за замена за подолготрајно боледување, па проблеми со активирање на сесиски токен на новиот доктор и тн.Прашањето е дали системот треба да се грижи за проблемите на докторите или не ?

Од 1992 до 2001 година беше систем на плаќање по учинок,ако работиш можеш да земеш само ограничена сума на пари ,а ако не работиш тогаш нема пари, независно дали си на одмор или на тешко боледување. Од 2001 па до сега е систем на плаќање по капитација. Но пак има административни препреки, да ако си на подолготрајно боледување не ја добиваш сета капитација, туку 70 % оди кај замената. За да можеш да си ги задржиш вработените сестри, да не ти пропадне фирмата.

Значи во изминативе 25 години никој сериозно не сфаќа да матичниот доктор е граѓанин од втор ред во земјава по основ на користење боловање и неговото право да се долекува и кога ќе се врати на работа се да е во ред. Како кај луѓето кои се јавна администрација или вработени на било кое друго место. Им честитам на судиите кои единствени се изборија за својот статус да земаат плата од 1000 евра. Но како да дојде доктор до овој статус во оваа наша држава.Како да дојде со таква плата матичен доктор каде во градот во кој живее има само 5000 жители или 10000 жители а има 5 или 18 матични доктори.

Сакам да потенцирам да време е да се промени начин на плаќање, да има фиксна сума од 1000 евра плата за матичен доктор и плус да се направи проценка за плати за медицински сестри и додатно трошкови за амбуланта кои се енормни.
За да можат докторите нормално да се лекуваат и да одат на боледување онолку колку што е потребно за нивно оздравување.Постојано слушаме кога бараме нешто сусштинско, кое не кошта пари од буџетот на Владата ,не сега ,пред избори сме ,а ние сме постојано пред избори,а проблемите на докторите од приватниот сектор стојат во место.

Затоа велам да она што е доба воља ,она што е суштинско за граѓанинот матичен доктор мора да се прифаќа.

Пациенти на ПЗУ, Лиценца за работа во мрежа на ПЗУ-за да можат и докторите да одат на подолготрајно боледување ,како секој друг граѓанин на оваа наша РМ.

Со почит до сите што ќе читаат!!!

Претседател на ЗПЛРМ
Др Лилија Чолакова Дервишова

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора За Здравје

Регистрирај се!
Министерство за Здравство
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари