Таравари: Кај лекар само со лична карта, не е потребен син картон

На лекар ќе може да се оди само со лична карта или пасош, па дури и само со старата хартиена здравствена картичка, ова на пресконференција го изјави Министерот за здравство Арбен Таравари.

Практично нема никаква потреба од печатење на сините картони, тоа е застарен модел од кој што сме се тргнале од пред пет години и нема повторно да се враќаме не него, потребен е само документ за лична идентификација пред вашиот лекар, додаде Таравари.

Деновиве се крена голема прашина околу сините картони кои повторно се појавија во употреба. На шалтерите во клиниките можеше да се видат натписи на кои стои дека пациентите на кои им е истечена електронската картичка за здравство и оние кои воопшто немаат картичка можат да се лечат со некогашните сини картони.

Министерот е запознаен со проблемот со здравствените картички, планирана е средба меѓу него и раководството на Фондот за здравство , на која ќе се разговара за ова прашање.Тој, нагласи дека се разгледуваат неколку опции за изработка на картички за здравство, при што сакаат да го одберат најдобриот модел за сите граѓани. Меѓу опциите е и тоа на една картичка да се најде и личната карта и картичката за здравство.

Проблемот со картичките исплива на површина откако голем број пациенти не можеа да си купат лекови поради истекот на рокот на здравствената картичка. Чиповите на картичките кои се пуштија во употреба во 2012 година биле ограничени на пет години важност, така што овој период на многумина важноста на употреба на картичките им истекува.

Во државата подолго време нема електронски здравствени картички, затоа што нема кој да ги печати. Печатењето на картичките се испроблематизира пред три години , тогаш истече договорот на Министерството за здравство со хрватската фирма АКД, која ги печатеше, па дел останаа недопечатени.

Александра Бела

Извор

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари