Работен состанок – МЗ, ЗПЛРМ, ФЗОМ и ЛКМ

Почитувани колеги,

На ден 18.08.2017 година се одржа работен состанок меѓу Министерот Арбен Таравари, Директорите на ФЗОМ – Даниел Дончев и Орхан Рамадани, Претседателката на ЛКМ Др Калина Старделова и потпретседателот за примарно здравство Др Игор Дабески и Претседателката на ЗПЛРМ Др Лилија Чолакова Дервишова и Др Фатмир Хасани.

Теми на разговор беа – Електронското здравство со ЕЗК и Пациенти на ПЗУ.

Претставниците на МЗ и ФЗОМ кажаа дека ќе ги прифатат наште барања, а тоа е да нема враќање на хартија – сини картони. Ние понудивме решение да има интерфејс на сите три нивоа и секој здравствен работник да си проверува дали пациентот има или нема здравствено осигурување. Така ќе нема потреба од трошоци за сини картони и картици.

А за второто барање – Министерот вети дека за три месеци ќе се промени законот и пациентите ќе бираат ПЗУ а не матичен доктор. За ова треба промена на ЗЗЗ член 32.

Благодарност до ЛКМ, МЗ и ФЗОМ за средбата.

Со почит
Претседател на ЗПЛРМ
Др Лилија Чолакова Дервишова

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари