Мала хронологија на нештата

Капитација е воведена во 2001 година, но од тогаш наваму се воведени уште многу нешта кои не биле планирани со капитацијата…

На пример кога се воведе електронско здравство,приватните доктори сами си купија компјутери, принтери, скенери , лиценци за компутерскиот софтвер, антивируси. Компјутерите не се трајни па така секоја година се купуваат принтери, а компјутери на три години. Резултатот од се ова е – живнаа сите компјутерски фирми.

Од електронското здравство, т.е печатените рецепти, упати, електронски дневници печатени на крај на ден, тони регистратори- живнаа книжарите и печатниците…

Потоа се воведоа фискални каси, па други со сонце, па превентивен преглед на фискални каси – така живнаа четирите фирми кои продаваат фискални каси…

Во 2012 година со ЗЗЗ стана задолжително осигурување од професионална грешка… Па приватните доктори сите си ги осигураа своите вработени и самите себе во осигурителни компании. Така живнаа сите осигурителни компании…

Потоа се воведе К15 , само за приватен сектор?????

Потоа боците за кислород од плави морале да бидат бели и пак живнаа фирмите кои го продаваат тоа…

Ни воведоа елаборати за безбедност при работа, па тие фирми живнаа…

Сега сметководителите си донесоа нов ценовник и тие си ги покачија услугите … Сакам да кажам живнаа…

Во 2001 година капотациониот бод беше 45 денари а сега сме 2017 година и капитациониот бод е 55 денари.
За 17 години е променет САМО за 10 денари.

А вчера ми се јави колега кој кажа дека неговиот сметководител му побарал покачување на услугите од 1500 на 3500.

И друг податок – од 1992 до 2001 година кога беше начин на плаќање по услуга, повторно приватните доктори беа ставени во рамка, на една ограничена сума пари, никој не можеше да земе повеќе од таа рамка.
Прашањето ми е зошто сите Влади до сега не дозволуваат да се развие оваа гранка од стопанството?

Македонија ќе тргне кога првите луѓе на сите ресори ќе кажат, кажете таксисти што ви е потребно за подобар живот, кажете земјоделци, лозароовоштари што ви треба, приватни и јавни доктори што ви е суштинско за да бидете покреативни, фармацевти, судии, адвокати. Само така нештата ќе се движат. Ние имаме чувство како кај нас се бавно да се движи а животот е краток.

Крајно време е СУШТИНСКИ ДА СЕ РАБОТИ НЕШТО…
Со почит до сите кои ќе читаат…

Др Лилија Чолакова Дервишова

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари