Отворена ординација по психијатрија – ПЗУ Лазарус

Почитувани,

Со посебно задоволство Ве информираме дека од неодамна се отвори нова ординација по психијатрија – ПЗУ “Лазарус”, лоцирана во центарот на Скопје, ординација која нуди хармонична, природна и интимна атмосфера.

Во ПЗУ Лазарус клиентите го добиваат потребното внимание и професионална услуга и грижа, а се применуваат најновите техники и методи за подобрување и исцелување на психичкото, односно менталното и физичкото здравје.

Пристапот и услугите во ПЗУ Лазарус се индивидуалистички, насочени кон клиентот, на неговата посебност и личност и неговите посебни потреби. Почнувајќи од првиот контакт и дијагностиката и низ текот на третманот, насоченоста и посветеноста на секој поединец во зависност од посебниот проблем се практика и приоритет. Високиот степен на етика и кодексот на однесување на персоналот се на беспрекорно и загарантирано ниво.

Психотерапиското советување кое ПЗУ Лазарус го нуди се применува при состојби на зголемен стрес, депресивно расположение, анксиозност, фобии и проблеми во секојдневните интерперсонални односи кое заедно со психофармаколошката терапија се смета за најдобар пристап при лекување на психичките растројства.

Во рамките на ординацијата, за Вашето психичко и физичко здравје, се грижи д-р Александар Ристески – психијатар.

Локација: улица Адолф Циборовски бр. 6 – Центар, Скопје

Тел. 02/ 616 6880 email: info@lazarus.mk

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари