Матичните лекари бараат ревидирање на цените за сметководствените услуги

Новиот ценовник на книговодителите е неприфатлив за матичните лекари.

Од здружението на приватни лекари реагираат на одлуката книговодителите од 1 јули да наплатуваат според тоа колку ординациите заработиле, а не според обемот на работа што самите ја имаат. Со ова тврдат, и до 200% се зголемуваат трошоците на приватните ординации во однос на книговодствените услуги.

„Апелираме до здружението да си ги ревидираат цените затоа што капитацијата кај нас ја формира Владата, кај нас не постои пакет на здравствени услуги и нормално сметаме дека цените треба да се формираат според тоа кој книговодител колку работи, колку време троши за одредена здравствена институција“ – изјави Лилија Чолакова Дервишова – Претседател на ЗПЛРМ.

Чолакова Дервишова напоменува дека парите од капитација не се чиста заработка за лекарите, туку истите се користат за плати, придонеси, средства неопходни за работа на ординациите.

Деновиве приватните лекари имале средба со новиот Министер за здравство, на која се разгледувала можноста за воведување на здравствен пакет.

„ Значи промена на начинот на плаќање во здавството , затоа што на пример источна Македонија има мал број на пациенти, давачките кон државата се фиксни без разлика на тоа дали вие имате малку или многу пациенти . Сметаме дека пакетот на услуги ќе овозможи ние како фирми да бидеме одговорни и верни на државата, да можеме да ги платиме сите давачки. Значи покрај капитација да има мешан начин со плус пакет на услуги за одредени функции кои секоја ординација или лекар е способен да работи“ – изјави Чолакова Дервишова.

На средбата со ресорниот Министер не станало збор за зголемување на капитацијата.

Извор

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари