Стомачни вируси прават ‘ршум

Болни пациенти има и кај матичните лекари, но и во болниците и во клиниките, каде што се примаат посериозни случаи. Вирусите предизвикуваат стомачни болки, обилна дијареа, а можат да ја зголемат и телесната температура. Неретко, пациентите со стомачен вирус дехидрираат, па мора да примаат инфузии

Slika 1

Кружат и заразуваат стомачни вируси, кои легнуваат во постела и дечиња и возрасни. Болни пациенти има и кај матичните лекари, но и во болниците и во клиниките, каде што се примаат посериозни случаи. Вирусите предизвикуваат стомачни болки, обилна дијареа, а знаат да ја зголемат и телесната температура. Неретко, пациентите со стомачен вирус дехидрираат, па мора да примаат инфузии.

– Точно е дека кружат стомачни вируси. Имаме повеќе дечиња што се соочуваат со нив. Мислам дека влијаат и големите температурни разлики, обилните врнежи. Треба да сме повнимателни – вели д-р Аспазија Софијанова, директорка на Клиниката за детски болести.

Д-р Лилија Чолакова-Дервишова, матична лекарка и претседателка на Здружението на приватни лекари вели дека граѓаните не внимаваат доволно на своето здравје.

– Има пациенти со стомачни вируси, но и такви што претеруваат со пиење студени пијалаци. Сега се стоплува и неконтролирано пијат студена вода, сокови, а тоа ја нарушува цревната флора, па се појавуваат проливи. Исто така промените на времето знаат да направат дисбаланс во организмот. Мора повеќе да внимаваме, да се облекуваме соодветно, ноќите уште се студени – вели д-р Чолакова-Дервишова.

Со зголемувањето на температурите почесто напаѓа и рота-вирусот. Овој вирус е одговорен за 30 отсто од инфекциите на гастроинтестиналниот систем кај бебињата и малите деца. Не постои лек што ќе го совлада, иако има вакцина за него, но кај нас не е задолжителна. Рота-вирусот најчесто разболува деца од 6 месеци до 5 години. Инфекциите предизвикани од овој вирус се честа причина за хоспитализација на доенчињата, бидејќи предизвикуваат тешка дијареа и повраќања, проследени со висока температура, па сето тоа заедно може да доведе до дехидрација.

Со топлото време исто така расте и ризикот од труења со храна, па лекарите алармираат на зголемена внимателност, не само за тоа што се јаде и пие, туку и како се чува храната. Особено треба да се внимава кога станува збор за деца, болни или стари лица, затоа што имаат кревок имунитет. Има случаи, предупредуваат лекарите, кога бактериите од расипаната храна може да се кобни за здравјето. Труењата, објаснуваат лекарите, се препознаваат по повраќање, проливи, треска и висока телесна температура. Симптомите може да се појават и по 72 часа откако сте јаделе од заразената храна.

При купување или користење храна да се одбере онаа што е свежа и здрава и тоа од објекти што исполнуваат услови за нејзино хигиенско чување. Исто така треба да се внимава на рокот на употреба на храната. Млечните производи што во малопродажбата се изложени во разладен уред, по купувањето веднаш да се сместат во ладилник, исто како и месото и месните производи, кои треба и брзо да се обработат. Треба да се јадат јајца без оштетена лушпа. Не треба да се употребуваат оштетените, надуените и оксидираните лименки и конзерви зашто бактериите можат да се развиваат и во конзерви што не се правилно конзервирани.

Извор

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари