Калина Старделова е нов претседател на Лекарската комора

Доктор, Калина Гривчева Старделова е новиот претседател на Лекарската комора на Р. Македонија. За нејзин заменик е избран доктор Илбер Бесими од Тетово. Со 40 гласа “за“ од вкупно 66 Старделова ќе биде на чело ка комората во наредните четири години. Нејзината противкандидатка Ленче Неловска која беше заменик претседател во изминатите два мандата, доби 24 гласа, два се неважечки.

По многу перипетии, притисоци и закани, конечно Лекарската комора доби ново раководство кое најавува ревизија на досегашното работење на комората. По ова, останува да се изберат Извршен и Надзорен одбор, како и Етичката комисија. Со ова се очекува еснафското здружение да почне сериозно да ги решава предметите кои останале нерешени, како и повеќе внимание да посвети на решавање на наталожените проблеми на лекарите.

Извор

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари