Саем на медицина Пловдив
МЕДИЦИНА & СТОМАТОЛОГИЈА & ФАРМАЦИЈА
3 дена / 1 ноќевање – термин: 20.10
ЕДИКУС, ДЕНТО Гален, промовира најнови технологии и производи; помага и во размената на информации и реализацијата на врските меѓу специјалистите во медицината, стоматологијата, фармацијата и балнеологијата. На форумот се спроведуваат трансакции и деловни контакти; Изложбата, која е одобрена од Меѓународната асоцијација на саемот индустрија UFI, привлекува меѓународни и домашни инвестиции за развој на родното здравство според европските стандарди. Посетете го саемот и подарете си себе нови искуства и иновациони идеи за вашиот професионален бизнис.
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ
1 ден. 20.10. Поаѓање од Велес во 01:30 часот , од Скопје во 02:00 часот пред WIP хотел, спроти Скопски Саем. Се патува преку граничен премин Деве Баир, Софија.. со попатни паузи и царински формалности.. Пристигнување во Пловдив на 20.10 во утринските часови. Целодневна посета на саемот до попладневните часови. Сместување во хотел 3* во Пловдив. Факултативно, организирана вечера во традиционален ресторан. Враќање во хотелот. Ноќевање.
2 ден. 21.10. Појадок. Напуштање на хотелот и посета на саемот. Целодневна посета до попладневните часови. Факултативно пред поаѓање за Македонија, посета на Mall of Plovdiv со можност за вечера или шопинг во многубројните продавници, ресторани и бутици од познатите светски брендови. Во вечерните часови, поаѓање за Македонија. Пристигнување во Скопје / Штип, наредниот ден во раните утрински часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 4.550 МКД
Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз со високо туристички минибус,
– трансвер: саем – хотел – саем,
– Сместување во хотел со 3*** во Пловдив на база (ноќевање со појадок, кафе + сок),
– посета на Moll of Plovdiv.
Во цената на аранжманот не е вклучено:
– влезница за саемот,
– посета на национален ресторна,
– патничко осигурување 150 мкд,
– други ненаведени посети.
Напомена: Времето за состанок на групата за поаѓање: саем – хотел – саем е по договор на лице место.
За реализација на аранжманот, потребно е минимум 18 патници.
So pocit,
SAMA HOLIDAY Travel Agency
1400 Veles, Industriska bb
tel./fax: + 389 43 231 221
e-mail: samabooking@gmail.com
www.samaholiday.com.mk




