Приватните лекари не можат да си го наплатат трудот – Канал 5 06.10.2011
Приватните лекари во Македонија веќе немаат пари за медицински материјали и за поправка на апаратите. Државата половина година им доцни со исплатите за материјални трошоци и четири месеци за капитација или со надоместокот за секој пациент, велат од еснафското здружение.
![]()
– Пресметајте, значи април, мај и јуни се фактурираат на 5 јули. Ние парите треба да ги добиеме по шеесет дена, а тоа е 5 септември. Денеска сме веќе 6 октомври, а април, мај и јуни не се исплатени, вели д-р Лили Чолакова, претседател на Здружението на приватни лекари во Македонија.
Доцнењето на исплатата на парите, за 1.400 приватни здравствени организации и со над 2 илјади лекари, започнало на почетокот на годинава. Тие до сега безуспешно реагирале во министерствата за финансии и за здравство. Сега бараат итна средба со премиерот Груевски и министерот Тодоров на која освен за парите сакаат да разговараат и за промени во здравствениот систем. Таа мора да се одржи итно за да не се повтори случајот како со приватните лекари од Неготино кои овие проблеми ги натераа да заминат во странство, велат од еснафско здружение.
Убавка Јаневска
Видеото можете да го погледнете на следниот линк: Приватните лекари не можат да си го наплатат трудот
Коментари (1)





Дали планира Управниот Одбор на ЗПЛРМ да се состане и да одлучи кои мерки треба понатаму да се превземат во врска со доцнењето на исплата од страна на ФЗОМ.?
Мислам дека со овој ” МЛАК” Настап од нивна(Наша) страна се добива впечаток дека ФЗОМ со своето однесување е во право , и дека може да се однесува како сака,НИЕ СЕ ЌЕ ИСТРПИМЕ!!!!!!!
Мое мислење е дека треба да се превземат некои порадикални мерки на пр. краткотраен прекин во работењето од еден час , а се со цел да покажеме дека сме сериозен партнер,а не некој кој што може што ќе посака,тоа да му прави.Можеби оваа е проба, ако оваа го истрпиме ќе следи уште нешто полошо.пупу недај боже!МИСЛАМ ДЕКА ВО НАС ИМА ОГРОМНА СИЛА КОЈА МОЖЕМЕ ДА ЈА ИСКОРИСТИМЕ САМО АКО СМЕ СЛОЖНИ!
Со Почит!