Реакција од Претседателот на ЗПЛРМ за нерегуларности при избори во ЛКМ 2017 год

До Централна Изборна Комисија на ЛКМ

Почитувани,

Секојдневно доаѓаат бројни реакции од колегите од приватното здравство од повеќе градови, за нетранспарентноста околу предложувањето на делегати во нивните градови.

Во Прилеп воопшто немало собир на доктори за да може транспарентно да се предлага па така, покрај 70 матични или приватни доктори не е кандидиран ниеден приватен доктор. Во Охрид исто се се има случувано зад затворени
врати, Струга,Тетово. Има реакции и зошто само еден кандидат е поставен во еден општински одбор, без конкуренција во Скопје на делегатска листа.

Дали сето ова вака треба да биде во 21 век?

Порано ЛКМ имаше проблем со наоѓање на доктори кои ќе сакаат да доаѓаат и да работат на подобрување на здравствената политика во нашата земја, а сега тие што сакаат и имаат искуство во работењето на ЛКМ, се елиминираат за да не
учествуваат во работењето на ЛКМ во ниедно ниво.

Во Тетово колега на колега повикал полиција со лажни изговори дека агитира на гласачко место, што воопшто не било точно. Потоа, Вие како ЦИК пуштате допис дека треба да се отстрани од просторијата каде се гласа. Тоа никогаш
не било така. Напротив, можат повеќе колеги да присуствуваат во таа просторија како набљудувачи, дали се коректно се прави или некој ги полни кутиите на крај. За да едни исти се бираат и по трет мандат.

Во однос на бројот на доктори од приватниот сектор од примарно и секундарно ниво има околу 2000 доктори кои плаќаат чланарина во ЛКМ. Плус се докторите кои работат во приватните болници.

Приватни доктори има во секој град и проблематиката е различна од град до град. Зарем ЛКМ не треба да се грижи за правилната застапеност на сите профили во ЛКМ или никого не го интересира тоа, други се интересите? Каква ќе биде таа ЛКМ ако сите се доктори од јавно здравство …..????

Само сакав да знаете за реакциите од дел од приватните доктори во неколку града.

Со почит

Др Лилија Чолакова Дервишова

Претседател на ЗПЛРМ

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари