Известување за упатување на пациенти со дијагноза дијабет
Почитувани,
По сугестија од страна на ЈЗУ УК за Ендокринологија направена е анализа на упатите до установите кои имаат центри за дијабет. Утврдено е дека поголем број од пациентите кои се дијабетичари се упатуваат кон специјалност Ендокринологија, додека пациентите кои имаат други ендокринолошки проблеми не можат да најдат термин на оваа специјалност. На сметка на тоа термините кои се креирани во Центрите за дијабет остануваат неискористени.
Со ова известување би сакале да Ви укажеме дека пациентите со дијагноза дијабет треба да се закажуваат кон специјалност Дијабет (односно Центрите за дијабет). Со правилно упатување на пациентите со дијабет се ослободуваат термини кон специјалноста Ендокринологија за пациентите кои имаат друга ендокринолошка дијагноза.
Во продолжение е објаснување на постапката за правилно упатување на пациентите со дијабет во “Центрите за дијабет”:
– При креирање на упат за пациент со дијагноза за дијабет се бира специјалност: “Дијабет”. По избор на соодветната установа се прикажуваат сите центри за дијабет кои имаат слободни термини. Во називот на центарот за дијабет е содржано и името на лекарот, со што е задоволено правото на пациентот да избере лекар кај кој лекар сака да се лекува.
Ве молиме да ги известите сите матични лекари.
Со Почит,
Мој Термин,
Министерство за здравство
www.mojtermin.mk
тел: (02) 15 444




