Собрание на ЛКМ 23.02.2017
Почитувани колеги,
На ден 23.02.2017 година се одржа Собрание на ЛКМ.
Во петтата година од мандатот, а мандатите треба да бидат по четири години по важечкиот Статут на ЛКМ, вчерашните делегати изгласаа и поминаа на дневен ред многу битни нешта:
– Предлог статутарни измени
– Нацрт закон за докторска дејност
– Правилници за работењето на ЛКМ
– Деловници за работењето на органите и телата на ЛКМ,
– Одлука за распишување на нови избори на ЛКМ
На 06.04.2017 година посакувам сите доктори многу сериозно да размислат во своите Општински одбори на ЛКМ, кого ќе кандидираат за нивен претставник. Личностите треба да бидат комуникативни, доктори кои се заинтересирани да останат и да работат транспарентно во РМ за доброто на лекарската фела. Доктори кои имаат свест да ја трошат својата енергија за општо добро на сите доктори, а не за лични интереси и да ја користат функцијата за решавање на фамилијарни проблеми со невработеност.
Немој да дозволите друг да Ви кажува кого ќе изберете, за да се грижи за решавање на Ваши професионални проблеми…..
Лекарската комора на РМ треба да е професионална и да е над сите политички случувања во РМ.
Само Вие, почитувани колеги, би можеле да направите да имаме јака и авторитетна комора – со Вашиот трезвен глас.
Со почит
Претседател на ЗПЛРМ
Др Лилија Чолакова Дервишова




