Работилници во организација на ЗПЛРМ 2017
Почитувани колеги,
Како и секоја година така и оваа година ЗПЛРМ направи акредитација на четири работилници.Секоја е акредитирана со 8 бода за слушатели и 11 за предавачи.Организирани се во секој град ,се со една цел нашите колеги да не одат во други градови по предавања.
ЗПЛРМ постојано се грижи за сите проблеми на приватното здравство,како и за креирањето на целокупната здравствена политика.
Во изминативе години единствено ЗПЛРМ е тоа кое медиумски ги промовира сите проблеми на матичните доктори и приватното секундарно здравство.Реагиравме за Ѕидот на срамот,уплативме софтвер од 2000 000 денари за да се спасат сите матични доктори од печатење на 9 листа хартија за цели.Реагиравме за покачување на нашиот капитационен бод и успеавме да направиме две поместувања во 2011 и во 2016 година.
Рагиравме и за намалување на казнената политика,воведување на Опомена.Се успеа да се внесе промена и за моментот кога доктор ќе оди на подолготрајно боледување ,замената да добива 70 % капитација и да може фирмата да не се гаси.На наше барање се направија електронските бази на податоци за пациенти ,порано мораше да се оди секој ден фо ФЗОМ за пријавување на пациент.Сега тоа се прави од амбуланта,електронски фактури и уште голем број придобивки се направени како резултат на барањата на Управниот одбор на ЗПЛРМ.
За да ни ги прифаќаат нашите барања потребно е јако здружение,а за да имаме јако здружение потребно е единство и финансии.
Ни останаа уште неколку стратешки барања -Пациенти на ПЗУ,партиципација или влез кај матичен доктор и лиценца за работа на ПЗУ во мрежа – да биде на ПЗУ ,а не на доктор.
За да успееме во она што го бараме ,мора да се почитуваме ,да бидеме истрајни и да бидеме единствени.
Никој освен нас не може да се грижи повеќе за проблемите на приватниот сектор.
Со почит
Претседател на ЗПЛРМ
Др Лилија Чолакова Дервишова




