Зголемени телефонски јавувања во ординациите

Почитувани колеги,

Во многу реномирани здравствени институции докторите си имаат предвидено време кога ќе бидат достапни на телефон. Во остатокот на работното време – работат медицина. Кај нас откако се воведе електронското закажување на прегледи кај специјалисти – се зголемија телефонските јавувања на нашите пациенти кои сакаат закажувањата на термини да ги реализираат телефонски, без да чекаат ред во амбуланта. Така да нашата работа се дуплираше, покрај големиот број влезови сега имаме и голем број на телефонски јавувања и разговори.

За да останеме професионални во нашето работење и за да можеме целосно да му се посветиме на пациентот во дадениот момент,предлагам секоја ординација да си истакне термин во кој ќе одговара на телефонски јавувања.

Со почит
Претседател на ЗПЛРМ
Др Лилија Чолакова Дервишова

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари