Известување за пријави за шеќерна болест
Почитувани,
На следниот линк можете да го превземете упатството за пополнување на Индивидуалната пријава за шеќерна болест.
Упатството е веќе достапно на сите избрани лекари со директна најава на порталот mojtermin.mk во делот упатства > документи.
За поголема достапност и информираност на сите лекари, Ве замолуваме упатството да го испратите до сите матични лекари за кои сте координатор.
Дополнително Ве известуваме дека за сите пациенти за кои ќе испратите електронска индивидуална пријава за шеќерна болест не треба да доставувате хартиена пријава до надлежниот ЈЗУ Центар за јавно здравје.
Со почит.
Мој Термин,
Министерство за здравство
www.mojtermin.mk
тел: (02) 15 444




