Дали сте за единствен електронски картон?
Пополнувањето на анкетниот прашалник е анонимно.
Прашалникот можете да го пополните на следниот линк:
Добиените резултати ќе послужат за правење на анализа на обезбедената тајност на медицинската евиденција во електронска форма во здравствените установи. Информациите што се собрани во рамките на ова истражувањето ќе се користат за потребите на специјалистичкиот труд кој ја обработува темата на тајност на медицинската евиденција.
Собраните податоци ќе се користат исклучиво и во согласност со наведената цел на анкетата.
Како медицински податоци се подразбираат податоците што се однесуваат на анамнеза, дијагноза, прогноза и третман на пациентот, како и податоците што имаат јасна и блиска врска со здравјето на пациентот.




