Матичните доктори да пријавуваат случаи на грип
Почитувани колеги,
Велес, исто како и целата Република е длабоко навлезен во епидемиското ширење на грипот, со голем број на заболени лица од сите возрасти со карактеристична клиничка слика. Инфективното одделение е преполно со лица кои имаат последици од грип, преполни се амбулантите како и итната помош. Училиштата се жалат дека многу деца отсуствуваат од настава. Апелирам да обратите внимание за пријавување на грип на неделни извештаи секој понеделник најдоцна до 12 часот за претходната недела, како би имале бројка која барем приближно ќе одговора на состојбата која владее во градот.




