Известување за доктори за начин на постапување со болни и немоќни лица во остварување на нивното гласачко право
Почитувани,
Согласно член 111, став 1, 2, 3 од Изборниот законик, за граѓаните кои не се во можност да го остварат своето право на глас поради здравствената состојба, само за болестите наведени во став 1, поткрепени со специјалистички извештај или решение за користење туѓа нега само за определените болести, избраниот лекар потребно е да издаде потврда заради остварување на гласачкото право на пациентот.
Упатството за начинот како докторите да постапат со болни и немоќни луѓе, објавено е на веб страницата на Комората и можете да го превземете го на следниов линк:
upatstvo-za-bolni-i-nemokjni-lica
Со почит,
Лекарска комора на Македонија
Булевар „Партизански одреди“ бр.3
1000 Скопје
(02) 3124-066
(02) 3239-060
(02) 3225-592
Web: www.lkm.org.mk




