Известување за упатување на пациенти со дијабет
Почитувани,
Во соработка со Националната комисија за Дијабет и работната група во рамки на Министерство за здравство, беа направени промени во начинот на упатување на пациентите со дијабет. Пациентите кои се со дијабет и истите прегледот го вршат на повисоко ниво, при упатување се упатуваат кон специјалност Дијабет. Специјалистите кои работат со пациенти со дијабет своите термини ги креираат во Центрите за дијабет.
Барањето за подигање на инсулинска терапија сега е со важност од 6 месеци.
Ви благодариме на соработката.
Со почит,
Мој Термин,
Министерство за здравство
www.mojtermin.mk
тел: (02) 15 444




