Зголемената капитација го зголеми интересот за матични лекари

Повеќе пари за матичните лекари

Исплатена е повисока капитација која Фондот за здравстевно осигурување ја најави минатата година.
Капитациониот бод на матичните лекари се зголеми од 50 на 55 денари.

Од Фондот велат дека зголемувањето на капитацијата придонесе и за зголемување на бројот на матични тимови во земјава.

„Денеска објавувам пред вас дека сме исклучително задоволни што после најавата за зголемена капитација имаме нови 40 тимови на матични лекари во здравствените ординации низ Република Македонија . Тоа се 40 повеќе доктори кои ќе пружаат здравствена заштита за нашите осигуреници и кои ќе бидат достапни за нив . 40 доктори плус распоредени низ република Македонија кои ќе допринесат за поголема достапност на здравствената заштита“  – изјави Сашо Стефаноски – Директор на ФЗОМ.

Стефаноски денеска во Велес, реализираше средба со претседателката на Здружението на приватни лекари на Македонија.

Според неа зголемувањето на капитациониот бод придонесува за подобрување на условите за работа во приватните здравствени установи.

„ Секое зголемување ќе дојде добро на секоја здравствена ординација во зависност колку пациенти има, но во секој случај тоа е едно добро освежување за секоја приватна здравствена установа да може да обноват апаратура, повеќе средства за ампуларна терапија и со тоа да пружаат поголема здравствена помош на нашите граѓани – изјави Лилија Чолакова Дервишова“ – претседател на ЗПЛРМ.

Зголемувањето на капитацијата е обезбедено од буџетот на фондот за здравство за 2016 година.

За над 1500 матични тимови во Македонија фондот годишно исплаќа околу 2 милијарди денари.

Извор

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари