Покана за семинар за мали сипаници

Почитувани колеги,

согласно “Националната програма за јавно здравје на Р.Македонија за 2011година”, а во врска со реализацијата на “Обуката за програмата за ерадикација на мали сипаници, рубеола и превенција на конгенитална рубеола” како обврска за активности планирани по НПАА 2011година,

Ве покануваме на семинар на 16.09.2011 година (петок) во 11 часот во Горната сала на Институтот за јавно здравје во Скопје.

На семинарот се поканети по еден епидемиолог од ЦЈЗ заедно со уште двајца матични лекари од кои едниот е координаторот на матичните лекари на соодветната територија на која се наоѓа ЦЈЗ ( по претходен договор со одговорниот епидемиолог).

Епидемиолозите од ЦЈЗ треба сами да ги поканат матичните лекари од територијата на нивниот ЦЈЗ.

За Вашето присуство и присуството на матичните лекари, Ве молиме да не известите до 15.09.2011 (четврток).

Со почит,

Од Секторот за контрола и превенција на заразн болести
Институт за јавно здравје на РМ

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари