Симпозиум – Агенција за лекови 15-16.09.2016
Почитувани колеги и соработници,
Агенцијата за лекови и медицински средства на Република Македонија по повод годишнината од своето основање на 15-16 Септември 2016год. го организира вториот симпозиум со меѓународно учество, на тема ,,Легализацијата на канабисот за употреба во медицински цели во Р. Македонија”.
На настанот кој ќе се одржи во Хотелот Александар палас во Скопје, ке учествуваат предавачи од земјата и експерти од странство со клиничко искуство во пропишувањето на канабисот за медицински цели. Во таа насока ве покануваме да учествувате на претстојниот настан кој е акредитиран од Лекарската комора и фармацевтската комора на Р. Македонја со 8 бода.
На следниот линк можете да ја превземете драфт Агендата за настанот.
Ве молиме сите заинтересирани учесници задолжително да го потврдат учеството на линкот
http://mk-symposium.5hark.net/
Котизацијата за настанот изнесува 1000ден и се уплаќа на следната жиро сметката
примач ТИМЕ ТО ТРАВЕЛ Дооел Скопје
Депонентна банка : Тутунска Банка АД
Број на сметка: 210-066025760157
Цел на дознака котизација за учество на вториот симпозиум со меѓународно учество, Легализацијата на канабисот за употреба во медицински цели во Р. Македонија
лице за контакт во врска со котизацијата Ana Stojanovska Time to Travel ,Time for Macedonia Orce Nikolov str 101 lok 1
1000 Skopje, Macedonia
Tel: +389 2 3232992
Direct: +389 2 3125508
Gsm: +389 70 354 234
Email: a.stojanovska@timeformacedonia
СО ПОЧИТ,
Билјана Димитрова
Линк за регистрирање:




