Известување за начинот на издавање и реализирање на лек на рецепт
Почитувани,
поради недоумица за начинот на издавање и реализирање на лек на рецепт, согласно договорите и упатството за начин на издавање на рецепт, Ви испраќам извадок од правилникот за содржина и начин на остварување на правата член 54.
Правилникот е подзаконски акт и сите треба да се раководат по истиот наменет е за ПЗУ/ЈЗУ, осигуреници и правни лица. Правилникот како акт е повисок од упатството и договорот и затоа треба да се раководите по истиот. Во членот 54 се изедначени ЕЗК и здравствена легитимација, поради истиов факт, доколку осиуреникот поседува ЕЗК, а не поседува здравствена легитимација, избраниот лекар/замена е должен да издаде рецепт на товар на ФЗОМ, а ПЗУ аптека да го реализира без притоа да ја бара хартиената здравствена легитимација.
Со ова известување се надеваме дека ќе се расчистат сите недоумици, а воедно осигурениците нема да бидат враќани од страна на избраните лекари и аптеки поради непоседување на хартиена здравствена легитимација.
Раководителите на подрачните служби истово известување до сите ПЗУ на нивната територија.
Службен весник на РМ, бр. 18 од 9.02.2015 година, ПРАВИЛНИК ЗА СОДРЖИНАТА И НАЧИНОТ НА ОСТВАРУВАЊЕТО НА ПРАВАТА И ОБВРСКИТЕ ОД ЗАДОЛЖИТЕЛНОТО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ
Член 54
Избраниот лекар секој пропишан лек го запишува во здравствениот картон, амбулантскиот дневник, компјутерската евиденција и здравствената легитимација/електронската картичка за здравствено осигурување на осигуреното лице.
Во здравствената легитимација/електронската картичка за здравствено осигурување на осигуреното лице се запишува датумот, дијагнозата и количината на пропишаниот лек и заверени со факсимил и потпис на избраниот лекар.
Дежурниот лекар секој пропишан лек го заведува во амбулантскиот дневник и здравствената легитимација/електронската картичка за здравствено осигурување на осигуреното лице.
Во здравствената легитимација/електронската картичка за здравствено осигурување се запишува датумот, дијагнозата и количината на пропишаниот лек, заверени со факсимил и потпис на дежурниот лекар и печат со број на шифра на дежурната служба.
Здравствениот работник во аптеката го потврдува издавањето на лекот во здравствената легитимација/електронската картичка за здравствено осигурување на осигуреното лице, со датум, потпис и печат на здравствената установа
Со Почит,
Бранко Аџигогов, ФЗОМ




