Работилница 03-04.06.2016
Почитувани,
Во Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза Скопје на ден 03-04.06.2016 ќе се одржи последната работилница за општи лекари под покровителство на Министерството за здравство, а организирана од Глобалниот фонд за ХИВ/СИДА, туберкулоза и маларија (ГФАТМ) и Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза.
Работилницата е акредитирана од МЛД и ЛКМ.
За учесниците на работилницата кои не се од Скопје обезбедено е сместување и надомест на патните трошоци во висина на повратна автобуска карта.
Работилницата започнува во петок (3ти Јуни) во 13:30 часот.
Учеството на работилницата треба да го потврдите на e-mail: anapaunova@yahoo.com каде треба да кажете од кој град доаѓате и дали ќе патувате или престојувате во хотел за време на одржувањето на работилницата.




