Обука за самопроценка на јавното здравје

Почитувани,

Во рамките на Двогодишниот договор за соработка помеѓу Министерството за здравство и Светската здравствена организација (2016 – 2017), согласно заклучоците од Иницијативниот состанок за воспоставување дијалог за применети политики за јавно здравје на национално ниво, одржан во февруари 2014 година, на кој е потврдена потребата од заеднички отворен и консултативен процес за реформи во системот на јавното здравје, а ја следи структурата на Есенцијалните јавно здравствени операции (ЕЈЗО), Ве покануваме на Дводневна обука за самопроценка на јавното здравје со користење на ЕЈЗО онлајн интерактивна алатка.

Работилницата ќе се одржи во Хотел „ТЦЦ Гранд Плаза“, Скопје на 18-19 мај 2016 година со почеток во 09,30 часот.

Целта на оваа работилница е обука за користење онлајн интерактивната алатка за самопроценка на ЕЈЗО, нејзино разгледување, проценка како и стручна дискусија за следни чекори и планирање. Работилницата е дел од отворениот консултативен процес на изработката на Националната стратегија Здравје 2020, а во контекст на политиката на СЗО Здравје 2020.

Ве молиме да да го најавите Вашето присуство или номинирате лице од Вашата институција (име и презиме, позиција и контакт меил и телефон) на следнава е-пошта office@studiorum.org.mk најдоцна до 13 мај 2016 година, 12 часот.

Работните документи за настанот кои треба да помогнат во подготовката за активно учество, ќе бидат доставени по регистрацијата.

За лицата коишто доаѓаат надвор од Скопје (по еден претставник од Центрите за јавно здравје), ќе биде обезбедено сместување / полн пансион во хотел ТЦЦ Гранд Плаза, за периодот 18 – 19 мај, 2016 година.

01_EJZO_Pokana_obuka(15April2016)-MKD

02_EJZO_OpfatCeli_obuka(15April2016)-MKD

03_EJZO_Nacrt-Agenda_obuka(15April2016)-MKD

04_EJZO-Nacrt-Program_obuka(15042016)-MKD

06_EJZO-Formular_registracija_obuka(15042016)-MKD

06_EJZO-RabDokumenti_obuka(15042016)-MKD

Срдечен поздрав,

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари